Впечатливи големи џемпери

На модните писти особено се истакнуваат џемпери и тоа во големи димензии кои му даваат шик нота на секојдневниот стил.

Впечатливи се во секоја дневна варијанта, како и да ги искомбинирате.

Плетената облека е заштитен знак на многу дизајнери во овој период од годината. Освен што греат, топлите парчиња можат да го направат вашиот изглед навистина посебен. На модните писти особено се истакнуваат џемпери и тоа поголеми.

Дизајнерите се погрижиле да задоволат различни вкусови, така што овие џемпери можете да ги видите во различни кроеви. Поединечни модели се инспирирани со ретро мотиви, изгледаат женствено и романтично. Големите џемпери се носат со џинс или ниски панталони со рамен крој. Особено се ефектни ако се со силни и ведри бои, како пинк, зелени, виолетови и жолти.

Моделите со копчиња се идеални за повеќеслојната дневна комбинација, одлично стојат и преку маица, кошула, туника, под капут или јакна, Многу се атрактивни и долги џемпери со умерена асиметрија, како и модели со карнерите и испринтани апликации.

moda-grazia-fashion-stil-dana-dzemper-01

moda-grazia-fashion-stil-dana-dzemper-01 (4)

moda-grazia-fashion-stil-dana-dzemper-01 (3)

moda-grazia-fashion-stil-dana-dzemper-01 (2)

moda-grazia-fashion-stil-dana-dzemper-01 (1)

images

 

 

- Реклама -