Јапонската железница излезе со сопштение за сообраќајнито колапс кој што се случил на островот Кјушу. Проблемот бил предизвикан од полжав кој што предизвикал краток спој на железничката инсталација.
Повеќе од десетина возови биле принудени да запрат, а некој и воопшто не тргнале од постојка, па поради тоа 12.000 луѓе доцнеле. Во Јапонија, земја која што е позната по ефикасноста и точноста на железницата.
Откако биле прегледани сите инсталации, било откриено дека полжав кој што бил пронајден во една од електричните кутии која се наоѓала недалеку од шините го предизвикал проблемот.
Од јапонската железница наведуваат дека станува збор за редок инцидент.