Вознемирувачки светски тренд на некористење тампони и влошки: „Крвари слободно!“

Ако и покрај сите глупости успеавте да преживеете на планетава и да ја зачувате својата смиреност, следува ултимативниот тест.

Веројатно не го разбравте насловот во целост (чисто бидејќи одбивте да поверувате во тоа што го читате), па ќе ви објасниме уште еднаш:

Група екстремни феминистки решиле дека имаат право слободно да крварат и дека нема потреба да користат хигиенски производи специјализирани за „оние денови во месецот“. Аргументот… пази ова… е дека тампоните и влошките ги измислиле мажите, ни помалку ни повеќе, за да ги мачат жените за време на менструацијата. Хммм… men=мажи… Има тука нешто…

Океј, на светов виреат секакви… ама… Друга група феминистки потврдно климнаа со главите и се согласија дека користењето на хигиенските препарати е анти-природата и е угнетувачки чин. Така, сега ова прераснува во тренд, со кој (дел од) жените сакаат да покажат дека се паметни, самостојни и дека не трпат ср*ња од никого!

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

freebleeding4[1]

freebleeding5[1]

Некои извори велат дека ова е само зафрканција започната на 4chan и дека се креирани милиони лажни профили на Фејсбук и Твитер за да споделуваат фотошопирани слики и про-слободно-крварење статуси. Сепак, тој што го смислил ова изгледа не знае дека обично најглупите идеи се тие што прераснуваат во трендови, како што можеме да се увериме на интернет.

- Реклама -