Теоретски, возможно е да одите по вода. Само што, не е баш човечки. Теоретски, водата може да ја издржи тежината на телото ако човекот има енормно големи стапала или ако трча неверојатно НЕВЕРОЈАТНО брзо. Па, колку брзо?
Одговорот е – 3 пати побрзо од најбрзиот човек на планетата. Како што вели Science Channel, максималната брзина што ја постигнува Усаин Болт се движи околу 10.4 метри во секунда. За да можете да одите по вода, треба да трчате со брзина околу 30 метри во секунда. Кажано во стилот на „Глупавиот и поглупавиот“, сепак имате шанса.