Возилата на Audi ќе имаат „активни фелни“!

Од Audi поднеле две барања за патентирање на сопствен развој. Првото е за фелни, опремени со специјални ролетни, кои се наоѓаат меѓу краците.

За време на движењето на автомобилот, во зависност од брзината на движење, тие можат да се регулираат до создавање на целосно затворена надворешната површина на фелната. На овој начин доаѓа до подобрување на аеродинамичните карактеристики на автомобилот како целина, на сметка на промена на притисокот. При забавување на возилото, како и при потреба од ладење на сопирачките, ролетни ќе се отворат под посебен агол за создавање на соодветен проток кон нив. Ова укажува дека освен од сензорите за брзината на движењето, ролетните ќе се командуваат и од оние за температурата.

Вториот патент е поврзан со програмата за обезбедување на нов систем за погон, електромотор за задната оска. Електрониката со помош на сензори ќе пресметува колкав е момонетот на триење во едно од тркалата при движење на лизгав коловоз. Новата технологија ќе е многу корисна во хибридните модели кои користат систем за обновување – во ситуација кога електромоторите обезбедува екстра енергија од сопирачките, може да се добие брзо забавување на тркалата и загуба на адхезија.

- Реклама -