69
Црниот дроб е витален орган без кој нема живот, а состојбата во која се наоѓа може значително да влијае на чувството на постојан замор и исцрпеност.
Црниот дроб игра клучна улога во многу физиолошки процеси кои се директно поврзани со енергијата и општата состојба на телото. Ако постојано се чувствувате уморни и исцрпени, дури и по добар сон, проблемот може да биде во овој орган.
Следниве се причините зошто тоа е можно:
Детоксикација и метаболизам
Црниот дроб е главниот орган за детоксикација во телото. Доколку не функционира правилно, ефикасното исфрлање на токсините се намалува, а нивното акумулирање на токсини може да доведе до чувство на замор и слабост.
Производство на енергија
Овој орган игра клучна улога во метаболизмот на јаглени хидрати, масти и протеини, што е основа за производство на енергија. Доколку не функционира правилно, доаѓа до нарушување на регулацијата на нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до чувство на замор.
Регулација на хормони
Црниот дроб е одговорен за разградување и елиминирање на хормоните, вклучувајќи го кортизолот (хормонот на стрес) и естрогенот. Нарушувањата во овие процеси може да доведат до хормонална нерамнотежа, што резултира со замор, депресија и намалена енергија.
Апсорпција и складирање на витамини и минерали
Оваа најголема „лабораторија“ во телото е клучна за апсорпција, складирање и метаболизам на витамини и минерали. Оштетувањето на црниот дроб може да доведе до недостаток на важни хранливи материи, што предизвикува чувство на замор и исцрпеност.
Воспалителни процеси
Заболувањата на црниот дроб често се придружени со хронични воспалителни процеси во телото, кои можат да предизвикаат замор, болки во мускулите и чувство на исцрпеност.
Анемија
Црниот дроб игра улога во складирањето на железо и го поддржува производството на црвени крвни зрнца. Оштетениот црн дроб може да доведе до анемија, што го намалува капацитетот на крвта да носи кислород, што резултира со чувство на замор и слабост.