Волонтерки гушкаат и лулаат бебиња кои нема кој да ги гушка

Бес Џенсен и уште четири други жени, секојдневно ја посетуваат рехабилитационата болница  Lincoln’s Madonna во Небраска, за да им пружат нежност и љубов на децата кои немаат никого.

Бес почнала да волонтира откако заминала во пензија. На почетокот тоа ѝ бил начин да остане активна, но со тек на време почнала да игра клучна улога во многу млади животи. Бебињата за кои се грижи од разни причини не се со нивните родители; некои од нив се ѝ жртви на насилство. Сеедно, на секое му е потребна љубов.

„Кога имаме бебе кое е под заштита или родителите не се со него, ние доаѓаме и го луламе. Ја препознаваат секоја од нас. Кога ќе земам бебе, тоа го препознава мојот глас и допир. Ќе ни се нурне во прегратка и го луламе. Обично ние ги заспиваме“, раскажува Бес за CNN.

За да се осигураат дека секое бебе ја добива потребната љубов и утеха, волонтерките работат во смени. Персоналот на болницата е презадоволен што има помош.

„Волонтерите се добредојдени и на сестрите им се потребни. Медицинските сестри би сакале да го прават истото, но не се во можност затоа што мораат да ја работат својата работа“, вели координаторката за волонтерство Марла Буреш.

Најтешкиот дел од работата за волонтерките се емоциите кон секое од бебињата. Керол Џонсон, една од нив, вели дека секоја разделба ѝ го кине срцето. Но во меѓувреме, вреди.

„Кога наутро ќе дојдете и ќе ги видите тие мали лица, знаете дека сте направиле нешто добро“.

- Реклама -