Волфсбург потпиша со FIFA гејмер

wolfsburg[1]

Германскиот фудбалски клуб Волфсбург пушта корења и во е-фудбалот. Дејвид Бајдвеј е британскиот гејмер кому му се исполни сонот – ќе биде платен за играње на фудбалската видео игра FIFA, и тоа како претставник на Волфсбург.

22-годишникот од Волверхамптон беше забележан кога ја претставуваше Англија на ланскиот светски куп во FIFA, а сега видео-играта ќе му стане работа. Волфсбург го вработи како еден од двајцата гејмери кои ќе го претставуваат клубот на Интернет и ќе играат турнири против навивачите. Дејвид ќе тренира четири до пет пати дневно, по сé изгледа подготвувајќи се за нешто повеќе отколку обични мечеви против заинтересираните аматерски противници.

Ова можеби е клучниот момент во еволуцијата на гејмингот и неговата интеракција со „реалните“ спортови, а можеби е на пат и пресврт во родителското воспитување, каде наместо децата да се прекоруваат заради предолгото играње видео-игри, тие ќе бидат охрабрувани повеќе да вежбаат.

„Гејмингот е апсолутно масивен и секоја година расте сé повеќе“, вели Британецот, предвидувајќи дека е само прашање на време кога и другите фудбалски клубови ќе зачекорат по стапките на Волфсбург. Тоа значи дека се ближи светла иднина за ентузијастите како што е Бајдвеј, кој игра FIFA на професионално ниво веќе 5 години (од својата 17-та).

„Во моментов земам многу солидна плата. Не е ни блиску до платата на вистински фудбалер, но можеби тоа е на пат да се промени“, вели Бајдвеј.

Клубовите потпишуваат договори со играчите врз основа на тоа колку вредност им придаваат, па ако е-спортовите продолжат да прераснуваат во голем пазар со многу вредност за клубовите, тогаш очигледно дека и платите на е-играчите ќе пораснат.

А пазарот расте како луд. Electronic Arts (EA) – создавачите на FIFA, неодамна изјавија дека повеќе од 23 билиони минути се потрошени на играње на последното издание на нивната фудбалска игра, глобално. Експертите, пак, предвидуваат дека е-индустријата ќе вреди 465 милиони долари, и тоа за само две години од сега.

- Реклама -