По острите реакции во јавноста за постот во кој припадничката на артилериската единица на АРМ – Татјана Лазаровска го велича убиецот од двете џамии во Нов Зеланд, Генералштабот на АРМ веќе соопшти дека е почната постапка за утврдување на одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки.
Како што велат од АРМ за „Плусинфо“, за Лазаровска ќе се бара најстрога казна, т.е. прекин на ангажманот во Армијата на Република Македонија. Оттаму велат дека ќе биде формирана дисциплинска комисија пред која Лазаровска ќе одговара за дисциплински престап како потешка повреда на воената дисциплина угледот на службата и на нејзиниот персонал. Подетално на „Плусинфо“.