Војникот Лазаровска вели дека не го напишала статусот: Профилот ми е хакиран

Статусот во кој се величи напаѓачот од Нов Зеланд не го напишала таа, вели припадничката на АРМ – Татјана Лазаровска од Битола. Таа тврди дека или профилот ѝ бил хакиран, или е направен дупликат со цел да се прикаже како да е нејзин.

Вели дека првично била зачудена од напливот на заканувачки пораки, а дури потоа дознала за објавата со говор на омраза, откако ѝ посочиле нејзина пријателка и нејзин колега.

Лазаровска, која се претставува како православен христијанин, вели дека повикувањето на убиство и насилство врз било која и нација не е во склоп со нејзините религиозни убедувања, а како припадник на АРМ целата ситуација ја смета за непријатна и срамна. Повеќе на „САКАМДАКАЖАМ“.

 

- Реклама -