Kон средината на XIX век лордот Палмерстон порачал изградба на моќна фортификација за заштита на најважната поморска база Спитбенк што ќе служи за заштита од нападите на армијата на Наполеон III.
Воениот објект е лоциран во близина на брегот на Портсмут, Англија, а денес функционира како луксузен хотел.
Хотелот располага со осум соби, со тоа што секоја од нив е декорирана поинаку. Освен во нестандардниот ентериер, гостите можат да уживаат и во луксузните спа центри, ресторан, бар. Што се однесува до глетката која ја обезбедува хотелот едноставно зборовите се излишни … Иако звучи чудно, овој поранешен воен објект им обезбедува на гостите едно романтично бегство од секојдневието и гарантира релаксирана атмосфера за прекрасен одмор.