Шишињата, како и алкохолот кој го содржат, се немаат променето со векови. Но, компанијата MEDEA мисли дека е дојдено време за промена. Нивната револуционерна идеја е шише со LED диспеј кое ќе ви овозможи да пишувате пораки.

Вотката MEDEA се произведува во Холандија според традиција стара седум генерации. Но не е водката интересниот дел од приказната, туку шишињата. Секое шише е опремено со LED дисплеј кој ќе ви овозможи да напишете до 6 пораки, со по максимум 225 карактери. Овој концепт MEDEA го рекламира како “The art of ticking”.
Ако ве интересира како се внесуваат пораките, еве едно кратко видео кое ќе ви ја објасни процедурата. Изгледа релативно едноставно, но проблемот е што сево ова треба да го правите додека сте малку поднапиени.
{youtube}qj9RrhwjIGM{/youtube}
[MEDEA Spirits]