Денес православните христијани го слават еден од најважните христијански празници – Водици. Стотици илјади христијани стиснуваат заби пред студот и учествуваат во традиционалните масовни капења и скокања по крстот за да го одбележат покрстувањето на Исус Христос во водите на реката Јордан.
Традиционално на Водици, многу погледи се свртуваат кон Русија, бидејќи таму студот е најбезмилосен. Повеќе од 1.5 милион верници од земјата учествуваат во овогодишените Водици, капејќи се/скокајќи во ледените реки и езера во четврток навечер, вечерта пред големиот празник.
Во (близина на) Москва, меѓу нив беше и Владимир Путин.
Во Санкт Петербург, меѓу нив беа и дел од учесничките на изборот за убавина на Санкт Петербург.
Околу 2.500 полицајци, нуркачи, спасувачи и медицински работници, како и 700 волонтери и психолози, се грижеа за учесниците во Водици во руската престолнина Москва.