Наталиа Водианова во најновата колекција на Стела Мeкартни

Рускиот топ модел, а од неодамна и актерка Наталиа Водианова е новото заштитно лице на кампањата пролет/лето 2013 на британската дизајнерка Стела Мeкартни.

Водианова со нејзините небесно сини очи и лежерните пози во фотосесијата повеќе од успешно ги демонстрира модните новитети за претстојната сезона, односно смарагдно зелениот џемпер со лесни панталони во посветла зелена нијанса, како и „правоаголните” фустани во контрасни портокалови и сини нијанси.

Од аксесоарите во колекцијата доминираат очилата за сонце со леопардови рамки и чантите од змиска кожа.

B C D E I R T Y

- Реклама -