Води влада, не војна

Канада ги повлекува авионите од Ирак и Сирија.

Новоизбраниот премиер на Канада, Џастин Трудо изјави пред американскиот претседател Барак Обама дека канадските борбени авиони ќе се повлечат од борбата против групата “Исламска држава” (ИД) во Ирак и Сирија, пишува весникот The New York Times, но, не даде краен рок за тоа.

„Пред околу еден час разговарав со претседателот Обама”, рече Трудо на прес-конференција.

Канада минатата година ги распореди борбените авиони CF-18 во регионот до март 2016 година, како и околу 70 војници на специјалните сили, за да ги тренираат Курдите во северен Ирак.

За време на кампањата, Трудо вети дека ќе ги врати дома авионите и ќе стави крај на воената мисија, но ќе ги задржи воените инструктори.

Неговата нова либерална влада ќе „продолжува со обврските во кампањата на одговорен начин“, рече Трудо.

- Реклама -