Водата е живот

Штедењето и внимателното постапување со водата е од изворедна важност во секое современо општество, подеднакво и кај развиените и богати со вода земји, како и кај сиромашните и сушни земји.
agua5
Над 70% од површината на Земјата е покриена со вода. Иако навидум вода има во изобилство, вистинското прашање се однесува на количината на вода за пиење која ја имаме на располагање.
97.5% од целата вода на Земјата е солена вода, а само 2.5% е свежа вода. Речиси 70% од таа свежа вода е замрзната во глечерите на Антартикот и Гренланд, најголемиот дел од остатокот е присутна како влага во почвата или се наоѓа во длабоките подземни слоеви, недосапна за човечка употреба.

Помалку од 1% од слатката вода во светот човекот може директно да ја употребува. Станува збор за вода во езерата, реките, акумулациите и подземните извори кои се доволно плитки за да бидат искористувани по прифатлива цена. Единствено оваа вода редовно се обновува со врнежите од дожд и снег и затоа само неа можеме да си ја дозволиме за редовна употреба.
Very_Clear_Water

Неколку статистички податоци за потрошувачката на водата за пиење
-Од 150 литри, колку што изнесува просекот на дневната потрошувачка по жител, само 7% отпаѓаат на вода за пиење и подготовка на јадењата, остатокот е за одржување на хигиената, миење и чистење.
-машината за миење на садови: 20-25 литри
-рачно миење на садови: 10-12 литри
-машина за алишта: 40-90 литри
-стандардно казанче: 6-12 литри
-капење во када: 150 литри
-миење автомобил:200 литри
-неисправна славина: до 120 литри на ден

Секој може да допринесе за намалувањето на потрошувачката на вода. На пример, доволно е да се затвори славината, додека се четкаат забите или додека се мијат садовите. Капењето во полна када може да се замени со туширање. Треба редовно да се проверат инсталациите, машината за миење садови и алишта да се користат само кога се полни. Миењето на автомобили да се сведе на најнеопходното.
576px-Clear_Water_of_Lushan_04

Светските аналитичари подолго време предупредуваат дека доколку се продолжи со истото темпо да се користи водата за пиење, најверојатно наредната свестка војна би била токму за водата како ресурс.

- Реклама -