Во Затворот „Идризово“ откриен тунел за бегство

Во затворот „Идризово“ денеска бил откриен тунел за бегство. Информацијата за МИА ја потврди директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ.

„По добиени информации денеска заедно со Директорот на затворот, Шпенд Тахири, почнати се активности за отстранување на некои објекти за поголема безбедност и во соработка со други институции, по споделени сознанија, пронајден е тунел“, изјави за МИА Стојановиќ.

Тунелот, како што појасни Стојановиќ, не е надвор од периметарот на затвореното одделение, што значи дека нема шанси за евентуално бегство низ него.

Активностите се почнати денеска изутрина и надлежните институции ги преземаат сите потребни мерки.

Тунелот е во делот на затворот каде се сместени затвореници кои издржуваат високи казни.

МИА

- Реклама -