Разликата во одѕивот во вториот круг на претседателските избори, во споредба со првиот, е околу 8.260 гласачи.
Во првиот круг, според обработени 99.56% од избирачките места од страна на ДИК, до 13 часот на гласање излегле 360.881 избирачи, односно 20.05% од вкупниот број гласачи.
Врз основа на обработените податоци од 99.46% од гласачките места, денес, во вториот круг на претседателските избори, до 13 часот на гласање излегле 369.141 гласач.
Според податоците од 95.39% од избирачките места, во вториот круг најголема излесност до 13 часот има во општините: Крива Паланка – 39.69%, Крушево – 34.33%, Прилеп – 33.84%, Кратово – 33.82%, Гевгелија – 33.07% и Берово – 31.53%. Најмала излезност има во Желино – 4.22%, Врапчиште – 6.12% и Боговиње – 6.21%.
На следниот прес, во 15.30 часот, ДИК ќе ја објави излезноста до 15 часот.