Во Велика Британија има група за поддршка на киднапираните од вонземjaни

Во Велика Британија ја создадоа првата група за поддршка на луѓе кои тврдат дека се киднапирани од вонземјани.

Групата  „Аномалии во управувањето на разумот, киднапирани” ќе одржи конференција за создавање на жешка линија за помош на луѓе кои веруваат дека имале контакт со вонземјански суштества.

Според организаторите, настанот ќе им овозможи на луѓето да ги споделат своите искуства, без да бидат гледани чудно и со потсмев. Конференцијата ќе се одржи во Источен Сасекс, Велика Британија.

„Нашата цел е да им обезбедиме безбедна платформа на овие луѓе, за да можат да ги раскажат приказните без потсмев и страв”, вели организаторката на конференцијата Џоан Семерскејлс.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија
- Реклама -