Во турската федерација бесни: Ќе се жалат за двојни стандарди на УЕФА!


Иако од Фудбалската федерација на Турција претходно тврдеше поинаку, Мерих Демирал сепак е суспендиран и нема да може да игра во четвртфиналето и полуфиналето на ЕП, ако Турција ја елиминира Холандија.

Веднаш по потврдата од УЕФА, Турција испрати и жалба во Лозана поради сличната ситуација со Џуд Белингам кој доби суспензијата од еден натпревар со тоа што самиот во период од една година ќе одлучи кога да ја одработи.

Од Турција се жалат на двојни стандарди од страна на Европската куќа на фудбалот и се надеваат на брза реакција.

Сепак, малку е веројатно да има промена. УЕФА во своја одбрана сигурно ќе истакнува дека казните за политичките симболи се построги.

- Реклама -