Во СВР Велес пријавено дека ученик истакнал албанско знаме во дворот на економското училиште

Во СВР Велес денеска во 10 часот директорот на Општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ Васко Трајковски пријавил дека ученик  истакнал знаме на Република Албанија во училишниот двор.

– Во присуство на социјален работник со малолетникот бил извршен службен разговор, а знамето е одземено, информира портпаролот  на СВР Велес Билјана Ѓаковска.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, најави Ѓаковска.

МИА

Прочитајте и:  Честитка од Ахмети за Денот на албанската азбука: До вчера го унапредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик 
- Реклама -