На 29 и 30 септември, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот, за сите фанови на фудбалот, Т-Home, Канал 5 и Канал 5+ (кои директно ќе ги пренесуваат натпреварите и на малите екрани) организираат пренос во живо на натпреварите Барселона-Динамо (К) и Баерн (М)-Јувентус .
T-Home со проекции на најдобриот фудбал во живо во центарот на Скопје
На 29 и 30 септември, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот, за сите фанови на фудбалот, Т-Home, Канал 5 и Канал 5+ (кои директно ќе ги пренесуваат натпреварите и на малите екрани) организираат пренос во живо на натпреварите Барселона-Динамо (К) и Баерн (М)-Јувентус .
Првите две проекции се одржаа на 15 и 16 септември, на кои бројните гледачи во неверојатна навивачка и возбудлива атмосфера под отворено небо ги проследија мечовите Челзи-Порто и Интер-Барселона.
Влезот е бесплатен, а поканети се сите фудбалски фанови со своите друштва заедно да ги споделат најголемите спортски доживувања.
Преносот на најдобриот фудбал во живо е продолжување на MaxTV Летната кинотека во чии рамки се прикажаа најголемите светски филмски хитови. Со овие настани T-Home повторно им приредува пријатно изненадување на граѓаните, овозможувајќи им несекојдневна забава и дружење, како и споделување на моменти вредни за помнење.
Да навиваме заедно за омилениот тим под отворено небо, на плоштадот Македонија во Скопје!
Покрај уживањето во најдобрите фудбалски натпревари, сите заинтересирани посетители ќе можат да добијат информации за најновата понуда на Т-Home – четири месеци бесплатно користење на МахTV.
МаxTV покрај одличниот квалитет на сликата и звукот, содржи и голем број корисни функции, како што е можноста да се следат повеќе програми истовремено, паузирање и премотување на програмата.
Македонски Телеком АД – Скопје