Во Шведска поради кибер напад неколку дена нарушена работата на административните канцеларии и онлајн сервисите

Поради кибер нападот врз Центарот за податоци на компанијата „Тиетоеври“ (Tietoevry), која обезбедува услуги од областа на информатичката технологија, веќе неколку дена е нарушена работата на административните канцеларии и онлајн сервисите во Шведска.

„Тиетоеври“ соопшти дека од кибер нападот погодени се околу 60.000 вработени и 120 субјекти, а повторното воспоставување на услуги може да потрае од неколку дена до неколку недели.

Еден од нејзините центри за податоци во Шведска беше нападнат во петокот вечерта. Кибер нападот влијаеше на работата на кината, големите продавници и други комерцијални објекти, а беше блокиран и пристапот до услугите за онлајн трговија.

Парализирана беше и работата на централизираниот Систем за човечки ресурси, кој го користат административните канцеларии на Шведска, што резултираше вработените да не можат да поднесат барања за отсуство, да пријават прекувремена работа и боледувања.

Прочитајте и:  Кремљ: Смешно и апсурдно е да се обвинува Русија за оштетување на каблите во Балтичко Море

Според „Тиетоеври“ и експерти за кибербезбедност, нападот го извршила хакерската група Акира, која е поврзана со Русија.

- Реклама -