Оваа сабота (18.04) во трговскиот центар Рамстор во 18 часот ќе се одржи големото финале на кампањата Аирлија свадба.
Специјалното жири на настанот ќе ја одбере најкул идната брачна двојка која ќе си замине дома со пакет свадбени подароци во вредност од 1200 евра.
Во текот на последните две недели активна беше најголемата свадбена кампања Аирлија свадба, која досега е организирана на нашите простори. Тимот на Рамстор Мол организираше натпревар за најкул идни младенци кои имаат закажано свадба во период од мај 2015 до мај 2016. Петте двојки финалисти кои добија најмногу лајкови на Facebook страната на трговскиот центар во сабота ќе бидат дел од настанот на кој ќе се претстават и ќе добијат можност да освојат подароци од партнерите на овој голем настан, модно ателје Билиа, Signori, Купи момент и Idea lab photography, а второ пласираниот пар ќе добие патување во Истанбул.
Организаторите најавуваат музичка забава за сите посетители и модна ревија на венчаници. Во рамките на свадбената кампања, од 17.04 до 19.04 во Рамстор Мол, ке се одржи и саем на компании кои нудат свадбени услуги. Рамстор Мол ве очекува на големото свадбено финале во сабота!