Во Реал Мадрид „изненадени“ и „разочарани“ од изборот за „Златната топка“

Фудбалерите на Реал Мадрид, Винисиус и Даниел Карвахал се многу изненадени и разочарани од фактот што ниту еден од нив нема да ја освои „Златната топка“ за 2024 година.

Голем фаворит за наградата беше бразилскиот напаѓач, но во последните часови стана јасно дека делегацијата на „белите“ го откажала летот за Париз. Во Шпанија тврдат дека од „Бернабеу“ дознале дека никој од нивните претставници нема да победи, поради што решиле да го бојкотираат настанот.

-Ми рекоа дека Винисиус и Карвахал се многу изненадени и разочарани. Очекуваа победникот да биде еден од нив. Не ги разбираат критериумите, тврди новинарот Хозе Луис Санчез.

Сега голем фаворит за наградата е играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родриго Хернандез – Родри.

Прочитајте и:  Релево: Некои членови на управата на Реал сакаат Анчелоти да биде отпуштен
- Реклама -