Хотелот Platine Hotel во Париз е целосно посветен на актерката Мерилин Монро.
Тематските хотели се многу модерни во последно време. Секоја од 46-те соби е луксузна и стилски опремена, а покрај тоа ѕидовите се украсени со постери на холивудската ѕвезда.
Дури и во салата ѕидовите се украсени со слики на Монро како спортува. Внатрешноста е мешавина од ретро стил и модерен луксуз. Боите се храбри, што е одлика на поп-арт дизајнот.
Видете неколку фотографии: