Индијана во средата го победи тимот на Њујорк Никс со 125:91, но потегот на вечерта им припадна на гостите.
Индијана докажа дека на домашен терен е можеби најнезгодниот тим во лигата така што ги понижи Њујорк Никс кои делуваа изгубено, но од една таква ситуација се случи потегот на вечерта.
Кошаркарот Иман Шумперт тргна во соло акција, се сплетка, топката му избега, но случајно успеа да ја смири со петата и да ја додаде на Стеве Новак кој заби тројка.
На случајната асистенција, која е карактеристична за фудбалските терени, судиите „замижаа“.