Во надреалниот свет на Chatroulette

chatroulette_copyТргнувајќи од славните личности па сè до обичните анонимни посетители на интернет, деновиве сите се опседнати со Chatroulette.com – веб-страница каде по случајност се поврзувате со непознати посетители преку видео/аудио/текст чет.

Тргнувајќи од славните личности па сè до обичните анонимни посетители на интернет, деновиве сите се опседнати со Chatroulette.com – веб-страница каде по случајност се поврзувате со непознати посетители преку видео/аудио/текст чет.

chatroulette

„Чет Рулет“ е најновиот онлајн феномен каде може да се однесувате слободно со комплетни странци, останувајќи анонимни во повеќето случаи.

Доколку ви здосади од личноста со која разговарате, кликнете на Next копчето по што ќе се појави нова слика, нов лик со кој ќе може да размените интереси. Но, и на вас може да ви се случи истото па затоа не земајте си при срце. Евентуално, со кликањето Next ќе сфатите дека се работи за љубопитност, а не одбивање.

enhanced-buzz-16966-1266426268-9

Се разбира, поради тоа што секој се однесува како што ќе посака, ќе видите и работи што не се препорачуваат на лица помлади од 16 години. Затоа внимавајте на кого го препраќате.

Сајтот е креиран од 17-годишниот русин Андреј Терновски кој го започнал со веб-камера од 10$ и неколку линии код, како забава за себе и своите другарчиња.

enhanced-buzz-17154-1266426618-9

„Секој го пронаоѓа својот начин за користење на сајтот. Некои мислат дека е игра, други сервис за запознавање“ вели Андреј. Тој најмногу се радува што неговата креација се користи во повеќе цели.

Потенцијалот на овој сајт е огромен. Замислете го во рацете на Google или Facebook, со филтри по возраст, локација, јазик, интереси. Една вечер ќе разговарате за најновиот iPhone со илјадници Apple фанатици, додека следниот ден ќе разменувате мислења за последниот филм на Џорџ Лукас. На крај, тргнете ги сите филтри за возбудлива и неочекувана слика на екранот.

Од наше искуство, по милиони прелистани сајтови во последните десетина години, ова е дефинитивно најинтересната работа на интернет од поново. Можеби затоа што била направена од дете водено единствено од идејата за забава и оригиналност, или пак поради тоа што на светот не му требаат цензури и подесувања на приватноста од типот на Facebook и Google Buzz.

Сеедно… Како и да е, тука е. Конечно, за комуникација потребни се веб-камера и микрофон со кои ќе ја вкусите иднината на интернетот, или пак можеби, неговото далечно минато.  [Chatroulette.com]

[The Human Shuffle] [The Surreal World of Chatroulette] [CHATROULOLZ]

The Surreal World of Chatroulette
- Реклама -