Австралија е зафатена од рекордно високи температури, а еден полицаец од Бердсвил во Квинсленд објави видео како на хаубата на патролното возило пржи јајца и сланина.
Температурата во Бирдсвил обично се движи околу 38º Целзиусови, но минативе денови достигна и до рекордни 47.1 степен.
— QPS Media Unit (@QPSmedia) February 11, 2017
Екстремните горештини кои ја зафатија австралиската пустина предизвикаа и низа пожари на источниот брег на земјата, а откажани се и повеќе големи спортски настани.
Заради големите жештини дури се запали и огномет во гепекот на еден несреќен Австралиец.