Во Лоѓ: Забрана за правење скара на балкон, во јануар

Полските градови веќе некое време се влезени во борба против загадувањето на воздухот, ама не сите ја водат на ист начин. За разлика од Краков или Варшава, кои во деновите кога е ризично да се дише воведоа бесплатен градски превоз и апелираат граѓаните да не се греат на било што што го загадува воздухот, во Лоѓ – на југот од земјата, објавија дека забрануваат да се прави скара на балкон. Да, скара. Да, среде јануари.

„Глупа идеја, па кој прави скара на балкон во јануари?“ се типичните реакции на граѓаните на Лоѓ во мини-анкетата за приватната телевизија TVN24.

Експертите пак, сметаат дека има уште поапсурдно во забраната. Од тој апсурд не би била поштедена ни кога би била донесена напролет – кога Полјаците почнуваат масовно да печат кобасици, бургери и пилешки крилца на своите тераси, најчесто за викенди. Се работи за тоа што доприносот на сета таа скара во смогот кај Полјаците е ништожен во споредба со тој на издувните гасови од автомобилите и фактот што полската индустрија е базирана на јаглен, а уште повее што користи – како и Полјаците генерално, претежно неквалитетен јаглен.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони

„Можеме да речеме дека доприносот, посебно во јануари, е ништожен. Летно време, кога луѓето масовно користат скара, нивото на канцероген бензоапирен е исклучително ниско“, истакнува Бартоломеј Свјонтчак од Регионалната инспекција за животна средина во Лоѓ.

Меѓу 50-те најзагадени места во ЕУ, дури 33 се во Полска, а по глава на жител, Полјаците вдишуваат најмногу канцероген бензоапирен.

Извештајот на еколошките организации покажуваат дека во Полска сé на сé 10% од загадувањето потекнува од големите фабрики и индустријата базирана на јаглен, 10% на издувните гасови на автомобилите, а дури 80% од печките на Полјаците, кои се греат на што стигнат, било да е тоа стар мебел или пластични шишиња.

- Реклама -