Во кои години се најубави жените, а во кои мажите?

Жените се најубави на 30, а мажите на 34 години.

Една студија, во која учествувале 2000 луѓе, покажала дека една дама врвот на својата убавина го достигнува на 30 години. Првите знаци на стареење стануваат видливи на 41 година, а жените престануваат да се чувствуваат секси во 53. година. Мажите, пак, најдобро изгледаат на 34 години, знаците дека стареат почнуваат да им се познаваат во 43. година, а со 58 години повеќе не изгледаат толку добро.

„Во минатото се сметаше дека луѓето се најубави во доцните дваесетти. Меѓутоа, во денешно време сѐ се сведува на спречување на стареењето и зачувување на убавината што подолго. Секој ден ги гледаме славните личности кои имаат над 50 години, а изгледаат неверојатно“, објаснува Џилијан Мекензи, заменик уредничка во магазинот „Allure” што го спровел истражувањето.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Исто така, резултатите покажале дека луѓето почнуваат да користат препарати против стареење на 37 години, а сѐ поголем е бројот на оние кои се решаваат за пластична операција или ботокс.

- Реклама -