Во кинеските фабрики за играчки

Michael_wolf_3

Прекривајќи ги ѕидовите на галеријата со преку 20.000 „залутани“ играчки, германскиот фотограф Мајкл Волф ги поканува посетителите во срцето на консумеризмот, во неговата фото-серија Real Toy Story.

Волф веќе долго го нарекува Хонгконг свој дом, документирајќи ги неговите бројни карактеристики и пикантности. Real Toy Story конкретно, прави дисекција на кинеските производствени фабрики, доловувајќи повеќе аспекти од конструкцијата на детските играчки кои се испраќаат и продаваат на милиони луѓе, насекаде низ светот. Во „вистинската приказна за играчките“ можеме да ѕирнеме зад металните врати на најголемата и најевтината масовна индустрија за производство на пластични играчки на пазарот, како и во животот на дел од луѓето кои работат во неа.

Прочитајте и:  „Џон Болтон беше лудак, Путин и Ким Џонг Ун се исплашија од него“, вели Трамп, смета дека може да ги раздели Русија и Кина

Инсталацијата на Волф ја истражува популацијата и урбаниот хаос, и ја истакнува количината на продукти кои се фабрикуваат и продаваат на дневна база. Собирајќи играчки „Made in China“, тој го вгнездува секој портрет во куп такви валкани, фрлени, алудирајќи на интензивната реалност на светското производство и консумпција.

Michael_wolf_4 Michael_wolf_5 Michael_wolf_6
Michael_wolf_8
Michael_wolf_11 Michael_wolf_12 Michael_wolf_14 Michael_wolf_16

Michael_wolf_15 Michael_wolf_7 Michael_wolf_9 Michaelwolf_1

- Реклама -