Во Јапонија сликаат пијаници, за да се засрамат

По напорниот ден Јапонците, слично како и сите други луѓе, сакаат да се опуштат. Се повеќе Јапонци сепак се опуштаат со алкохол, ја губат мерката и заспиваат по улиците.

Загрижени од слични глетки, вработените на најголемиот синџир барови во Јапонија ја  почнаа кампањата “nomisugi”, што значи премногу пијан.

Кога ќе видат пијан човек да спие на улица, околу него лепат бел селотејп и го ставаат логото на кампањата до заспаниот пијаница. Целта е минувачите да го сликаат заспаниот човек и да ја  објавуваат сликата на социјалните мрежи со хаштаг # nomisugi. На овој начин пијаниот е јавно засрамен, а тоа може да помогне за престанок на потрошувачката на прекумерна количина алкохол.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

„Јапонците имаат силно чувство за чест. Тоа е начин да ги засрамат оние кои пијат прекумерено, за да го сменат односот кон алкохолот”, вели портпаролот на иницијативата.

- Реклама -