Во Јапонија има повеќе од 92.000 стогодишници – најмногу во последниот половина век

Бројот на јапонски жители постари од 100 години сега изнесува 92.139, што е најголем во последните 53 години, покажуваат статистичките податоци на јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба.

Во текот на годината, бројот на Јапонци кои слават стогодишнина се зголеми за 1.428 луѓе.

Од вкупниот број, 88,5 отсто се жени, од кои повеќе од 81.500. Има нешто повеќе од 10,5 илјади мажи.
Најстарата жителка на Јапонија е Фуса Тацуми од префектурата Осака која има 116 години, а најстариот маж е 111-годишниот Гисабуро Сонобе од префектурата Чиба.

МИА

Прочитајте и:  Првиот сателит со дрвени панели лансиран во вселената
- Реклама -