Во близина на островот Скопелос, кој се наоѓа во западниот дел на Егејското море, минатата недела грчките рибари уловиле ајкула долга 7 (со букви: седум) метри!
Вработените на рибарската компанија „Брусијанис“ не можеле да се изначудат кога конечно ја извлекле ајкулата тешка 300 килограми. Тоа им успеало единствено заради дигалката на бродот.
Обично големите морски ајкули во водите околу Грција се ретка појава. Но оваа од 7 метри не е првата во последно време. Рибарите во Неа Киос во Арголис во март уловија ајкула од 4 метра.