Во Финска пристапот до интернет ќе биде загарантиран со закон

Повеќе...Замислете си според закон секој граѓанин да има загарантиран пристап до интернет. Тоа се случи во Финска каде тамошното Министерство за транспорт и комуникации се обврза до јули идната година секој фински граѓанин да има загарантиран Интернет пристап со минимална брзина од едeн мегабит во секунда.


finlandiaЗамислете си според закон секој граѓанин да има загарантиран пристап до интернет. Тоа се случи во Финска каде тамошното Министерство за транспорт и комуникации се обврза до јули идната година секој фински граѓанин да има загарантиран Интернет пристап со минимална брзина од едeн мегабит во секунда.

Финската влада најави вмрежување на својата земја со конекции од 100Mb/s до 2015 година, а од јули 2010 Финска ќе стане првата земја во која секој ќе има универзален, со закон загарантиран пристап до Интернет со минимална брзина од 1Mb/s.

„Ние мислиме дека Интернетот е нешто без што животот не е возможен во модерното општетство“, изјави Laura Vikkonen, потпаролката на министерството. „Тоа е како водата, струјата или банкарските услуги – пристапот до Интернет едноставно е неопходен.“ додаде Vikkonen, нагласувајќи дека ова е само „меѓучекор“ во петтогодишниот план во кој е вклучено и создавање супер-брзи конекции.

Финска, која е земја со 5,2 милиони жители, инаку, е една од најнапредните држави кога станува збор за Интернетот – дури 95,2 проценти од севкупната популацијата се поврзани на некој начин на Интернет.

Финска, која е земја со 5,2 милиони жители, инаку е една од најнапредните држави кога станива збор а Интернетот – процентот на популацијата која на некој начин е поврзана на мрежата е 95,2.

- Реклама -