Во ЕУ секое второ дете е вонбрачно, во Македонија секое осмо


Околу 12 проценти од вкупниот број на живородени деца во Македонија во 2016 година се родени надвор од брачна заедница, покажуваат податоците на Еуростат. Во Европската Унија, од друга страна, просекот е 43%.

Во споредба со 2000-та година, просекот на вонбрачни деца на ниво на ЕУ е зголемен за 15%. Зголемувањето се одвива со околу 1 процентен поен годишно. Тоа алудира дека постои промена во сфаќањето на семејните вредности, која се манифестира со раст на бројот на вонбрачни врски и двојки, како и самохрани родители. Меѓу 2015 и 2016 година бројот на родени вонбрачни деца расте во речиси секоја од земјите на ЕУ, со исклучок на Естонија, Италија, Литванија, Летонија, Унгарија и Велика Британија.

Во дури осум земји членки на ЕУ во 2016-та година, според Еуростат, се родиле повеќе вонбрачни отколку деца родени во брачна заедница. Во Франција се регистрирани 60%, во Бугарија и Словенија – 59%, Естонија – 56%, Шведска – 55%, Данска – 54%, Португалија – 53%, и Холандија – 50%. Ситуацијата е обратна во Грција, Хрватска и Кипар, каде над 80% од родените деца се родени во брачна заедница.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Што се однесува до земјите кои не се во ЕУ, во Швајцарција и Лихтенштајн процентот на вонбрачно родени деца е под 25%. Обратно е во Норвешка – 56% и Исланд – 70%.

Во земјите од регионот, според Еуростат, вонбрачно родени се 58.6 проценти од децата во Бугарија, 41.6% во Косово, 26% во Србија, 19% во Хрватска до 9.4% проценти во Грција.

Извор: Курир

- Реклама -