Во Данска има повеќе свињи отколку луѓе

Вкупниот број на свињи во Европската Унија лани пораснал за 2% на годишно ниво. Се проценува дека во ЕУ има вкупно 149.5 милиони свињи.

Во Данска, пак, бројот на свињи го надминува дури и бројот на жители. Данска е единствената таква земја во ЕУ, а на секои 100 жители има по 215 свињи, покажуваат податоците на Евростат.

Инаку, околу 40% од вкупниот број на свињи во ЕУ се наоѓаат во Шпанија и Германија, а значаен број има и во Франција, Данска секако, Холандија и Полска.

Во Холандија има по 70 свињи на секои 100 жители, во Шпанија – 63 на секои 100 жители, а во Белгија – 54 свињи на секои 100 жители.

Свињите претставуваат и најголема сточарска категорија во Европа, а зад нив следи популацијата на говеда, со повеќе од 89 милиони грла.

- Реклама -