ВМРО-ДПМНЕ: Владата не поддржува зголемување на старосната граница за пензионирање, таа тема е затворена

ВМРО-ДПМНЕ и владата не поддржуваат зголемување на старосната граница за пензионирање, тоа веќе е кажано, и е затворена тема за нас.

Тоа што не сфаќаме е како истите луѓе кои молчеа додека се ограбуваше државата, додека инфлацијата растеше вртоглаво, додека институциите ги распаѓаа или тие лично или нивните најблиски соработници, сега глумат душегрижници, дали мислат дека народот им верува?

Лицемерието и дволичноста на СДС се добро познати на граѓаните.

Во време на СДС имаше пад на економијата највисок во историјата, историски највисока инфлација, осиромашени граѓани, пад на индустриско производство најголем во историјата, додека земјите од регионот имаа раст од над 50% на БДП по глава на жител во период 2017 – 2023, Македонија имаше едвај 20тина%.

Прочитајте и:  Фискалниот совет предлага зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години

СДС ги ограби и девастираше институциите и државните претпријатија. А во исто време без грам двоумење го продаваа идентитетот.

Додека СДС на Заев ја ограбуваше и продаваше државата на големо, сегашното раководство на таа партија беше 3 и 4 ешалон на власт и силно аплаудираше на тоа.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -