ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите од 211 години затвор се погребување на правото

ВМРО-ДПМНЕ реагираат на пресудите кои денеска судијката Добрила Кацарска им ги изрече на обвинетите во случајот за упадот во Собранието од 27-ми април. На 16-те обвинети им беа изречени затворски казни од вкупно 211 години затвор. Од ВМРО-ДПМНЕ повторно обвинуваат дека се работи за политички монтиран процес, „кој е производ на евидентна неправда“ и во кој се суди, како што велат, според политички мотиви.

„Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се суди според политички мотиви, а не правни факти.

Јасно е дека драконските казни се резултат на политички процес во пресрет на изборите. Тоа е последица на нервозата и паниката кај Заев. Треба да знае дека пресудите и прогонот нема да му помогнат, туку само ќе го тонат подолу.

На дело се демонстрираше Кацарска судството и Русковска обвинителството кое за жал се потврди дека се само слуги на Зоран Заев. Не ги интересира ниту правото, ниту правдината. Не ги интересираат ниту доказите, ниту околностите. Ги интересира само спроведувањето на партиско политичките нарачки на Заев.

Прочитајте и:  Мицевски: Изразувам огромна згрозеност од недоличното, безобразно и срамно однесување на Апасиев

Ние сме држава во која убијци на малолетни деца како што е случајот со Смилковско езеро се на слобода, а луѓе од 27-ми април се судат за терористи.

Оваа пресуда е нарачана и однапред позната.

Како поинаку да се објасни фактот дека против директорот на БЈБ кој учествувал во спречување на натамошна ескалација давале наредби за дејствување се гонат за тероризам, а заменик министерот кој не презема апсолутно ништо нема никаква постапка“, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ – Игор Јанушев, додавајќи дека Македонија е држава каде што се гази правдата и владеењето на правото не постои.

Од партијата оценуваат дека ова се очајнички чекори на недемократска власт која се служи со тоталитарни методи и порачуваат дека правдата ќе дојде многу скоро и секој ќе треба да се соочи со своите постапки.

 

- Реклама -