ВМРО-ДПМНЕ: Поднесените оставки на ДУИ да станат неотповикливи и да одиме на брзи избори

„Добро е што ДУИ по 20 години власт е подготвена да замине во опозиција од каде ќе може да одговараат за криминалот и да ја докажуваат својата невиност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ по повод поднесените „оставки“ на министрите на ДУИ, но кои ќе станат ефективни само ако опозицијата ги поддржи уставните измени.

Од ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа, порачаа дека оставките треба да станат неотповикливи и да се оди на брзи избори.

„Откако ДУИ го направи првиот чекор, си поднесоа оставки, сега само тие да бидат неотповикливи и да одиме на брзи избори, бидејќи сѐ друго е одолговлекување и играње играчки на грбот на државата и иднината на граѓаните“, одговорија кратко од опозицијата.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ
- Реклама -