ВМРО-ДПМНЕ: Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко – е писмо за спас на нивните директорски фотелји

Писмото на директорите на ЈЗУ за спас на Венко, е писмо за спас на нивните директорски фотелји во ситуација кога и Филипче, и Артан, и Заев треба да си дадат оставки“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако директорите на јавните здравствени установи побараа од премиерот Зоран Заев да не ја прифаќа оставката на министерот за здравство.

„Тоа писмо за спас на фотелјите ги обвистини и партиските директиви на СДСМ за организираното жалење за оставката на Филипче за која Заев сѐ уште не се изјаснил дали да ја прифати“, велат од опозицијата.

Според нив, тоа значи дека ниту Заев не чувствува морална одговорност и дека СДСМ повеќе се грижи за фотелјата отколку за независна истрага.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите

„Протестот на граѓаните од Тетово праќаат порака дека народот бара одговорност за ужасната несреќа. До нејзе ќе се дојде само преку неутрална истрага која ќе се случи само ако Заев, Филипче и Груби си дадат оставки за да не влијаат на истата“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Реклама -