ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски секогаш и за сè има свој став, додека не му наложат Ковачевски и Ахмети

„Добро е што Пендаровски призна дека уставни измени не се можни, а добро е и да и сугерира на власта да излезе на избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по повод интервјуто на шефот на државата.

„Со признанието на Пендаровски стана јасно дека СДС и ДУИ се свесни дека уставни измени нема да има, и дека ја замајуваат јавноста само за да нема избори. Пендаровски призна и дека власта освен за промена на устав, друго и не работела“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на кривичниот законик, Пендаровски, според опозицијата, уште еднаш покажал дека морал да потпише тоа што му кажале Ковачевски и Ахмети.

„Како и за сè до сега Пендаровски има свој став, сè додека поинаку не му наложат Ковачевски и Ахмети“, коментираат од партијата.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

„Жално е да се гледа Пендаровски кој всушност е носител на позицијата Претседател на Македонија, како талка во ставовите. Очигледно е дека одамна ниту на Водно, ниту на Илинденска нема капетан на бродот“, се додава во реакцијата.

- Реклама -