ВМРО-ДПМНЕ однапред се оградува од говорот на омpaза на протестот за Гоце Делчев, предупредува на саботажа инструирана од власта

„Предочуваме дека имаме сознанија за уфрлање на поединци кои се инструирани од власта, кои ќе имаат за цел да го дискредитираат протестот со елементи на говор на омраза и изразување на ставови кои не се дел на партијата, за да подоцна се дискредитира ВМРО ДПМНЕ. Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес“, соопшти денеска  потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Владо Мисајловски, на прес-конференција, најавувајќи го протестот во вторник ( 18:30 часот) посветен на преговорите на македонско-бугарската историска за Гоце Делчев.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Како што истакна Мисајловски, се работи за мирен народен протест во мошне чувствителен период кога им е потребна поддршка на македонските историчари кои се дел од преговарачките комисии за, како што рече, да ја бранат вистината за Гоце и да не потклекнуваат на трговии и политички притисоци. На протестот, рече тој, ќе изразат поддршка за членството во ЕУ, за Македонија и за Гоце Делчев, кој е „црвена линија за нашето достоинство“:

- Реклама -