ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се фокусира на здравството, Филипче си гради згради

„Министерот за ширење на зараза и cмpт, наместо кон здравството, се посвети на личната градежна експанзија. По примерот на објектот на касарната и ‘Шпанско село 2’ на падините на скопско Водно, кој што сѐ уште е оставен за нерешен, Венко Филипче се шири со згради и објекти низ Скопје. Додека епидемијата непречено се шири, а граѓаните умираат, Венко Филипче стана сосопственик на цела зграда во Козле, општина Карпош“, обвини денеска порпаролот на ВМРО-ДПМНЕ – Наум Стоилковски.

Како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, Филипче заедно со уште едно докторско име – Емилија Атанасовска од Институтот за фармакологија од Универзитетските клиники, на местото на семејна куќа, изградиле и станале сосопственици на цела зграда со вкупна површина од околу 570 м2.

„На имот на Атанасовска, семејна куќа со двор во скопско Козле, Венко Филипче влегува во сосопственички однос, за заедно да бидат соинвеститори во изградба на цела зграда. Притоа, за да се затскрие и да го затскрие своето име, Филипче ја овластува својата партнерка, таа да го застапува во правната комуникација со општината и институциите при градбата. Всушност, се поставува прашање дали Венко Филипче е оној градежен инвеститор кој што го финансира градењето?“, рече Стоилковски.

Тој го обвини Филипче дека го девастирал здравството и мандатот му поминал во скандали, а Владата затоа што го оставила на министерската функција:

„Министерот за ширење зарази и cмpт – Венко Филипче, го девастираше здравството, а мандатот му мина во скандали со делење тендери на познати, како купување имоти и градење на цело едно ‘Шпанско село 2’ на Водно со директори на клиники, доктори и добитници на тендер од речиси седум милиони евра од здравството.

Прочитајте и:  СДСМ: Христовски да даде објаснување за неговиот сертификат по англиски, вклучително и за тоа каде бил на денот на полагањето

Но, наместо оставка, замена на Филипче и осуда за скандалите, додека здравството тоне и нема стратегија за запирање на епидемијата, мафијата на власт го остава Венко Филипче за министер, а за негов заменик го поставува во министерството за здравство Илир Хасани, односно неговиот докажан партнер од скандалот ‘Шпанско село 2’. Скандалот и по речиси цела една година нема разрешница ниту од Антикорупциската комисија, ниту од Јавното обвинителство. А, Филипче сѐ уште е министер!

Наместо осуда, мафијата го надградува системот за градежна експанзија на министерот и на неговиот заменик. Наместо здравствен систем има министер и заменик за ширење на зарази и cмpт. Наместо здравствен систем се градат приватни згради.

Европа ја зафаќа вториот бран на корона вирусот, а Македонија сѐ уште не може да се справи со првиот бран. Секојдневно растат бројките на заразени и на починати, здравството го тресат скандали, а мафијата на власт се грижи за градежната експанзија на министерот за ширење на зараза и cмpт“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, според кои изборот се сведува меѓу мафијата, од една, и Македонија, од друга страна.

- Реклама -