ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден одржа редовна седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
На седницата се разговараше за актуелната општествена, политичка и економска состојба во која се наоѓа државата.
„Неизбежен е впечатокот дека народот ја губи државата и системот не функционира. Хаосот и безредието е стимулирано со растечкиот криминал и отсуството на правда ги нагризува темелите на државата.
Именувањето на Талат Џафери е круната на неспособноста и владеењето на беззаконието во државата. Тоа е скапата цена платена од СДС која на тој начин ја одржува власта. СДС стана малцински партнер со само 5 министри во владата со над 20 министерства.
Излезот е промена на власта, а одговорот е изборите кои ќе се одржат за помалку од 3 месеци“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нови членови на Извршниот Комитет ги именуваше Сања Божиновска и Игор Јанушев.
Сања Божиновска е експерт во енергетиката, која работи во Прага, има работно искуство во најголемите компании од пазарот на енергетиката и економските системи.
Игор Јанушев е поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во Собранието. Тој е дипломиран правник.