ВМРО-ДПМНЕ: Груби за многу брзо време јавно ќе се кае за неговите негови инсинуации

„Ја разбираме паниката, но и стравот на СДСМ и ДУИ од окрупнувањето на опозицијата, затоа што и СДСМ и ДУИ ќе бидат поразени на овие избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата за изјавата на вицепремиерот Артан Груби, кој нивната коалиција со Алијанса за Албанците ја оцени како неприродна и исфорсирана, односно, со негови зборови, многу несвојствена.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека и тие имаат на што да се навратат во минатото:

„Кога господинот Груби зборува за некои минати времиња, вредно е да го спомнеме следното: Ги паметиме со насмевка деновите кога Артан Груби секојдневно беше дел од ентериерот во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а при таквите посети не можеше да го сокрие неговото воодушевување. Воедно Артан Груби важи и за еден од првите најбрзи пратеници кога на времето го притискаше копчето за гласање на владите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

Најдобар портпарол во моментов на СДСМ е Артан Груби. Господинот Груби е познат по неговите чести трансформации, при што веруваме дека за многу брзо време јавно ќе се кае за овие негови инсинуации. Криминалната коалиција СДСМ – ДУИ ќе доживее тежок дебакл“, порачаа од опозицијата.

- Реклама -