ВМРО-ДПМНЕ: Георгиев и Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители. Едниот близок до Заев и Филипче, другиот до Ахмети.

Наќе Георгиев кој призна вина дека примил поткуп за да ублажи казна затвор, во време на СДС и ДУИ од обичен судија стана Врховен судија и член на Судскиот совет. Додека тој растеше во судската хиерархија судија стана и неговиот син, а сопругата му е јавен обвинител.

Наќе Георгиев ја злоупотребил позицијата се впуштил во штелување на судски пресуди.

Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители за време на СДС и ДУИ, тој му помогнал на Наќе Георгиев да издејствуваат помала казна за Боро Марлборо.

Прочитајте и:  Инцидент во Собранието, за малку избегната физичка пресметка меѓу Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

И Наќе Георгиев и Иџет Мемети одлучувале за судии и обвинители, унапредувале и санкционирале. Какви се постапките кои овие двајца корумпирани функционери ги влечеле и уште колку неправди нанеле?

Корумпираноста која ја гледаме преку Наќе Георгиев и Иџет Мемети е причината зошто е потребно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, само така ќе се врати вербата на народот во судството.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

- Реклама -