ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали неговиот дедо бил во Занзибар

„Венко Филипче да одговори дали неговиот дедо д-р. Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот сој на КОВИД 19 и дали после тоа отишол во карантин?!“, бараат од најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ.

„Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на КОВИД 19, исто како што беше Цаца Билјановска? Додека народот се мачи со КОВИД, илјадници умреа, фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации“, обвинуваат од опозицијата.

Тие, на министерот за здравство, му забележуваат и за недостатокот на вакцини:

„Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави“, обвинуваат  од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и:  Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ склучило договор со албанска фирма за набавка на уред за 3 милиони евра поскапо од тоа што предвиделе
- Реклама -