ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, ЈО и судството да постапат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на објавата на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши за кривичната пријава покрената од СВР Охрид за „попречување на правдата“. Од партијата велат дека добро е што тој признал дека правел притисок и бараат од Јавното обвинителство и судството да постапат.

– Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси одговорност. Како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок? Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци? Што за Бектеши се млади луѓе, дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело? Која порака Бектеши ја упатува до младите?, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција.

Бектеши против кого СВР Охрид покрена кривична пријава за „попречување на правдата“ реагираше преку објава на „Фејсбук“ во која ја објави и пораката што му ја испратил на полицискиот началник.

– Секоја чест. Јаки сте. Срамота треба да ви е да се занимавате со млади луѓе, стои во пораката.

Кривичната пријава против него ја оцени како политичко прогонство и заплашување.

- Реклама -